ЕУ: Земјите членки имаат доволно резерви на нафта и гас! Нема индикации за вонредна состојба

Земјите членки на Европската Унија имаат доволно резерви на нафта и гас и покрај нарушените синџири на снабдување поради војната на Блискиот Исток, соопшти Европската комисија.

„Многу помалку сме загрижени за безбедноста на снабдувањето отколку за високите цени на енергијата“, изјави портпаролката на ЕК, Ана-Каиса Итконен, пред новинарите во Брисел, објави Ројтерс.

Според неа, земјите членки на ЕУ имаат резерви на нафта или еквиваленти до 90 дена и нема индикации за каква било вонредна ситуација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот