ЕУ обезбедува уште 300 милиони дози од вакцините на „Фајзер“ и „Бионтек“

EPA EFE
Вакцина Фајзер против ковид-19 / фото: ЕПА

Европската Унија ќе обезбеди дополнителни 300 милиони дози од вакцините на „Фајзер и Бионтек“, најави претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. 

Фон дер Лајен на пресконференција во Брисел објави дека 75 милиони дози од оваа вакцина ќе бидат доставени до крајот на вториот квартал на 2021 година, а остатокот во втората половина на оваа година.

– Неодамна ја одобривме вакцината на Модерна. Со двете овластени вакцини, имаме доволно дози за 380 милиони граѓани, што е околу 80 проценти од населението – истакна фон дер Лајен.

Таа изјави дека ЕУ, со договори склучени со шест фармацевтски компании, во моментов има 2,3 милијарди дози нарачани вакцини и потенцираше дека тоа е доволно за ЕУ, но и за нејзините соседи.

– ќе бидеме безбедни само кога сите во ЕУ и соседството ќе имаат пристап до вакцини – нагласи Лајен. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот