ЕУ нема да дозволи Полска да ги доведе во ризик европските вредности

Знамето на Европската унија
Знамето на Европската унија / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен изјави дека Брисел „нема да дозволи“ Полска да ги доведе во ризик вредностите на ЕУ.

Во обраќањето пред пратениците во Стразбур, Фон дер Лејен рече дека неодамнешната пресуда на Уставниот суд на Полска претставува закана за основните принципи на блокот.

Урсула фон дер Лајен / Фото EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Европската Унија е во конфликт со Полска поради одлуката на Варшава да воведе промени во судскиот систем на земјата, што и даваат на владата поголема моќ над судовите. Уставниот суд на Полска неодамна пресуди дека националното законодавство е над она на ЕУ. Унијата го смета овој потег за недемократски, додека владејачката Партија на правото и правдата вели дека промената била неопходна за реформира на неефикасниот систем.

Полските лидери испратија порака до ЕУ пред денешното обраќање на премиерот Матеуш Моравијецки пред Европскиот парламент: – Не подлегнуваме на уцени, рече Јарослав Качински, де факто лидер на земјата и водач на владејачката Партија на правото и правдата.

Јарослав Качински / ФотоEPA-EFE/LESZEK SZYMANSKI

Иако Полска и владеењето на правото не се на дневен ред за состанокот на лидерите оваа недела, холандскиот премиер Марк Руте рече дека ќе инсистира на замрзнување на средствата за Полска. Меѓутоа, германската канцеларка Ангела Меркел веќе ги предупреди земјите од ЕУ и Европскиот парламент да не брзаат да ги блокираат средствата за опоравување на Полска.

Собрание, Полска / Фото: Скриншот

Европскиот парламент, исто така, врши притисок врз претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лејен, да дејствува против Полска, или со блокирање на парите за помош за опоравување поради пандемијата или со воведување нов механизам што ќе го поврзе финансирањето на ЕУ со критериумите за владеење на правото. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот