Топлификација , парно греење , оџак - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Топлификација , парно греење , оџак - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно во најголем дел од општините, некои објекти сè уште без греење

Испораката на топлинска енергија е нормализирана за најголем дел од потрошувачите во општините Центар, Аеродром, Кисела Вода и Автокоманда, по денешниот прекин предизвикан од дефект на дистрибутивната мрежа на булеварот „Крсте Мисирков“, соопшти попладнево ЕСМ.

Од компанијата информираат дека екипите на ЕСМ Дистрибуција и понатаму се на терен и работат на целосно отстранување на дефектот, со цел воспоставување на редовна испорака на топлинска енергија за сите потрошувачи.

Како што се наведува во соопштението, поради дефектот без парно останале повеќе институции и објекти, меѓу кои Институтот за национална историја, Институтот за македонска литература, Основните судови 1 и 2, Кривичниот и Апелациониот суд, МРТВ, МКЦ, МАНУ, факултетите и Ректоратот на УКИМ, како и повеќе образовни, културни и верски установи во централното градско подрачје.

Од ЕСМ Снабдување со топлина потсетуваат дека за дополнителни информации, потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот