Ерменците со Барсегјан, Мхитарјан и Адамјан ќе напаѓаат против Македонија

Ерменците се следниот ривал на Македонија во мундијалските квалификации/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Денеска покрај македонскиот селектор Благоја Милевски, и стратегот на Ерменија, Хоакин Капарос го објави списокот на играчи на кои ќе смета за ноемвриските мундијалски квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.

Потсетување дека Ерменија е следниот ривал на Македонија на 11 ноември во Ереван, а три дена подоцна играчите на Капарос ќе играат дома и против Германија.

Во ерменската селекција за првпат добива повик играчот од средниот ред, Нарек Григорјан, а поради повреда ќе недостасува Храјр Мкојан.

Голмани

Давид Јурченко – ФК Алашкерт

Станислав Бучнев – ФК Пјуник

Арсен Бегларјан – ФК Урарту

 

Одбрана –

Ховханес Хамбарџумјан – ФК Анортозис Фамагуста (Кипар)

Камо Ховханисјан – ФК Каират (Казахстан)

Вараждат Харојан – ФК Кадиз (Шпанија)

Андре Калисир – Силкеборг ИФ (Данска)

Жорди Жоао Монрој Арарат – ФК Ноа

Давит Тертерјан – ФК Арарат-Ерменија

Жирајр Маргарјан – ФК Арарат

Тарон Восканјан – ФК Алашкерт

Среден ред –

Хенрих Мхитарјан – Рома (Италија)

Соломон Удо – ФК Атирау (Казахстан)

Едуард Спертсјан – ФК Краснодар (Русија)

Вахан Бихачјан – МСК Жилина (Словачка)

Тигран Барсегјан – ФК Астана (Казахстан)

Хорен Бајрамјан – ФК Ростов (Русија)

Артак Григорјан – ФК Алашкерт

Вбејмар Ангуло – ФК Арарат-Ерменија

Ерик Вардањан – ФК Пјуник

Нарек Григорјан – ФК Урарту

Артјом Аванесјан – ФК Арарат-Ерменија

Напад –

Ишхан Гелојан – ФК Балтика (Русија)

Саргис Адамјан – Хофенхајм (Германија)

Лукас Зеларајан – ФК Колумбус Кру (САД)

Норберто Балекјан – КА Бока Јуниорс (Аргентина)

Алесандре Карапетијан – ФК Ноа

Видео на денот