Ериксен: По сè што поминав, јас сум среќен човек

Кристијан Ериксен одигра 40-тина минути за Брентфорд во првиот натпревар откако во јуни минатата година доживеа срцев удар за време на ЕП / фото: EPA-EFE/Daniel Hambury

Кристијан Ериксен по пауза од 259 дена повторно играше на официјален натпревар, тој во 52. минута влезе во игра на дуелот на Брентфорд и Њукасл.

Ериксен на натпреварот од Европското првенство помеѓу Данска и Финска кој се играше во јуни минатата година, доживеа срцев удар по што лекарите во последен момент успеаја да му го спасат животот. Подоцна на Ериксен му беше вграден дефибрилатор кој ја регулира работата на срцето и поради тоа го раскина договорот со Интер.

Според законите во Италија, не е дозволено спортистите да играат со вграден дефибрилатор, по што Данецот потпиша за Брентфорд бидејќи во Англија не постои такво правило.

Откако ги помина деталните лекарски прегледи и одигра два натпревари за вториот тим на премиерлигашот, Ериксен денеска по пауза од 259 дена настапи на официјален натпревар.
Иако Брентфорд загубу со 0:2, херој на денот е токму Ериксен.

– Доколку го ставиме во втор план резултатот, јас сум среќен човек. Кога ќе поминете низ сè што поминав јас и повторно заиграте фудбал, тогаш чувството е фантастично. Од моето пристигнување во Брентфорд, луѓето прават се за да се чувствувам добро – изјави Ериксен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот