Ерменска војска Ерменија
Ерменска војска / Фото: EPA-EFE/SIPAN GYULUMYAN

Ереван и Баку договорија примирје, СБ на ОН денеска повторно заседава за ескалацијата на ситуацијата

Благодарение на меѓународните напори Ерменија и Азербејџан постигнаа договор за прекин на огнот што стапи на сила од синоќа во 20 часот по локално време, изјави денеска секретарот на ерменскиот совет за безбедност Армен Григорјан.

-Благодарение на напорите на меѓународната заедница, се договоривме за прекин на огнот со Азербејџан од 20 часот на 14 септември, рече Григоријан во интервју за ерменската телевизија, пренесе Тасс.

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе се собере на уште една средба во врска со неодамнешната ескалација на ситуацијата на ерменско-азербејџанската граница, соопштија ОН.

Средбата ќе се одржи на барање на Ерменија, а Советот за безбедност на ОН вчера на консултациите зад затворени врати расправаше за ситуацијата на границата меѓу овие две земји, додека денешната седница ќе биде отворена за јавноста.

Ерменија и Азербејџан, кои со децении се борат за Нагорно Карабах, меѓусебно се обвинуваат дека доцна вечерта на 12 септември почнале серија гранични судири.

Според ерменскиот премиер Никол Пашинијан, во овие судири загинале 105 ерменски војници, додека азербејџанското Министерство за одбрана јави за  50 убиени азербејџански војници, јави Тасс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот