Ербас за половина годината загуби од 1,9 милијарди евра

Се проценува дека авиосообраќајот ќе се врати на нивото од 2019 година во периодот од 2023 и 2025 година. Ербас меѓувреме го намали производство за 40 отсто во однос предвиденото.

Производитрелот на авиони Ербас објави дека претрпе нето загуба од 1,9 милијарди евра во првата половина од годинава, како одраз на двојниот пад на испораките на неговите авиони во текот на периодот обележан со влијанието на кризата со новиот коронавирус.

– Влијанието на пандемијата со Ковид-19 врз нашите финансии е многу видливо во вториот квартал, при што испораките на комерцијални авиони се преполовени во однос на минатата година, изјави извршниот претседател на Ербас, Гијом Фори.

Ербас испорача 196 авиони во првите шест месеци од годината, за половина помалку отколку во истиот период од 2019 година. Авиокомпаниите се во тешка ситуација поради пандемијата и бараат да се пролонгираат испораките или пак не се во можност да ги примат поради затворање на границите.

Сепак, испораките се сигурен показател за профитабилноста во аеронаутиката, главно затоа што клиентите плаќаат поголем дел од сметката кога ќе ги преземат авионите.

Авиосообраќајот ќе се врати на нивото од 2019 година во периодот од 2023 и 2025 година, а Ербас го намали производство за 40 отсто во однос предвиденото.

Тековната состојба на пазарот доведе до мало прилагодување на стапката на производство на А350 од шест на пет авиони месечно. Ербас пред кризата месечно произведуваше девет до 10 авиони А350.

Ербас најави дека ќе намали 15.000 работни места ширум светот, или 11 отсто од работна сила, од кои 5.000 во Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот