ЕП, Дабевска: Се надевам дека Македонија ќе биде подобра на следните натпреварувања

Сања Дабевска беше најефикасна на мечот со Романија/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонската женска ракометна репрезентација со три порази во групата „Ц“ од прелиминарната фаза го заврши настапот на Европското првенство.

На последниот трет дуел кој решаваше за третото место кое исто така водеше во главната фаза, избраничките на селектор Љубомир Савевски загубија од Романија (23:31) во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје.

Пивотот на нашата сениорска селекција, Сања Дабевска беше најефикасна против Романките со седум голови.

Ракометарката на хрватскиот клуб Локомотива Загреб се надева дека Македонија ќе биде подобра во следните натпреварувања.

– Беше тежок натпревар, во првото полувреме дадовме сè од себе, но во вториот дел „застанавме“ и малку се откажавме. Нашиот тим е многу млад и искуството на Романија преовладуваше. Се надевам дека Македонија ќе биде сè подобра и подобра на следните натпреварувања – рече Дабевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот