ВИДЕО: Романија слави главна фаза во Скопје, заврши ЕП за Македонија со три порази

Македонија не успеа да направи изненадување против Романија/фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Македонските најдобри ракометарки не успеаја да се пласираат во главната фаза на Европското првенство. Во последното трето коло од прелиминарната фаза во групата „Ц“ го загубија решавачкиот натпревар во директниот дуел со Романија (23:31).

Избраничките на селекторот Љубомир Савевски денеска покажаа многу подобар и порамноправен натпревар, во однос на претходните два меча во кои беа убедливо поразени од Франција и Холандија.

Во првиот дел во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје прикажавме добра игра и имавме резултатска неизвесност и на крајот на првиот дел резултатот гласеше само 12:13 за селекцијата на Романија.

И наместо да се одржи таа резултатска неизвесност, во вториот дел тргнавме лошо, промашувавме зицери, а противникот сето тоа го користеше и се одвои на поголема разлика која ја одржуваше до самиот крај на средбата.

Сања Дабевска со седум погодоци беше најпрецизна во нашиот табор, додека Маџовска заврши со шест гола. Кај Романките најдобра беше Кристина Неагу со 10 гола. Романија со овој триумф продолжува во главната групна фаза, додека шампионатот заврши за македонската селекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот