ЕП 2024: Фуриозен старт на германските ракометари, Швајцарија декласирана во Диселдорф
Заврши првото коло од групата „А“ на Европското ракометно првенство, домаќинот Германија пред своите навивачи со 27:14 убедливо ја совлада Швајцарија.
Препорачано
Швајцарските репрезентативци успеаја да постигнат само шест голови во текот на второто полувреме.
Швајцарија единствено на стартот успеа два пати да израмни, на 1:1 и 2:2, а потоа следуваше серија од 7:1 на Германците кои на паузата водеа со 13:8. При 15:10 во вториот дел, Германија го потврди првиот триумф на ова ЕП со новата серија од 8:0.
Како што е веќе најавено, тоа е и потврдено, првите два натпревари на ЕП, Македонија – Франција и Германија – Швајцарија, донесоа светски рекорд по број на посетеност. Вкупно 53,586 гледачи беа на трибините на „Меркур-Шпил Арена“, стадионот во Диселдорф.
ЕП 2024: Најдобрите македонски ракометари убедливо поразени на стартот од Франција
Во редовите на германската репрезентација прв стрелец беше Кнор со шест голови, а на спротивната страна Рубин запиша четири погодоци.
Второто коло од оваа група е закажано за 14 јануари, во Берлин од 18.00 часот Франција ќе игра против Швајцарија, додека од 20.30 часот Македонија за противник ја има Германија.


