Емир Кустурица ќе стане главен директор на Централниот театар на руската армија

Фото: Профимедиа

Режисерот Емир Кустурица ја прифатил понудата на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу да ја преземе функцијата главен директор на Централниот академски театар на руската армија.

Агенцијата РИА-Новости јави дека тоа денеска го соопштила прес-секретарката на шефот на Министерството за одбрана, Росиана Марковскаја.

Се напоменува дека Шојгу одржал состанок со Кустурица, во текот на кој му дал предлог и Кустурица го прифатил.

„За мене голема чест понудата на Сергеј Шојгу да станам главен директор на Театарот. Театарската сцена на руската армија има голема историја и традиција“, рекол Кустурица.

Неговиот план е како директор на сцена да ги пренесе дејствијата на филмовите како што се советските од 1957 година, „Жеравите летаат“ и неговиот „Животот е чудо“ од 2004 година.

Во разговор со министерот Кустурица истакнал дека ќе се обиде да ги „зачува класичните вредности“ бидејќи тие многу брзо се менуваат во светот.

Претходно беше најавено дека Кустурица на 23 февруари ќе настапи на Зимскиот меѓународен уметнички фестивал Јуриј Башмет во Соча.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот