Елмас и Наполи четвртфиналисти во Купот на Италија (ВИДЕО)

facebook.com/SSCNapoli/

За пласман во полуфиналето, „наполитанците“ предводени од тренерот Џенаро Гатузо ќе играат против подобриот од дуелот Лацио-Кремонезе.

Македонскиот репрезентативец го одигра целиот натпревар во осминафиналниот натпревар од италијанскиот куп против Перуџа кој „наполитанците“ го добија со резултат 2:0.

Елиф Елмас за разлика од претходните првенствени мечеви во Серија А каде што немаше многу голема минутажа кај Џенаро Гатузо, овојпат тренерот му даде шанса да го одигра целиот дуел на теренот на „Сан Паоло“.

Головите беа постигнати во текот на првото полувреме, и двата беа реализирани од Инсиње во 26. и 38. минута од средбата.

И гостите можеа непосредно пред паузата да постигнат гол од белата точка, но непрецизен беше Јемело.

Во четвртфиналето на Купот на Италија екипата на Наполи ќе игра со подобриот од пресметката Лацио-Кремонезе.

Претходно меѓу најдобрите осум екипи од натпреварувањето се најде уште Торино кој на пенали со 5:3 ја елиминираше Џенова на нашиот Горан Пандев.

Останатите шест четвртфиналисти ќе ги дознаеме после одигрувањето на пресметките: Лацио-Кремонезе, Интер-Каљари, Фиорентина-Аталанта, Милан-СПАЛ и Јувентус-Удинезе на Илија Несторовски и Парма-Рома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот