Елена Велевска ни откри што прави во самоизолација со нејзините три деца!

Фото: Инстаграм

Пандемијата на коронавирусот ја натера речиси целата популација на светот да се изолира со цел да се спречи понатамошното ширење.

На овој вирус не е буквално никој имун,  безразлика дали сте позната личност или не.

И македонската естрада е во изолација со денови, а меѓу нив и познатата фолк-пејачка Елена Велевска.

„Слободен печат“ ја праша како ги поминува времето во самоизолација. Ова се нејзините одговори:

– Максимален фокус на обврските кои ги имаат децата. Ситуацијата е таква каква што е, децата не одат на училиште, но имаат обврски кои мораат да ги завршат. Мајка сум на три деца, и се трудам колку можам да им помогнам, сега за сега ми успева. Но покрај тие обврски речи си и да не помине ден без играње на некоја друштвена игра, монопол, на буква на буква….Се трудам да не им биде здодевно.

– Готвам како никогаш до сега. Не бев толку вешта во кујна, можеби немањето доволно време си го направи своето, но деновиве сум често во кујна им ги исполнувам желбите на децата.

– Вежбам он-лајн. Зависна сум од вежбање и среќна сум што и во оваа ситуација можам да продолжам со редовен тренинг. Он-лајн тренинг за убав ден и намалување на негативна енергија пред се.

– Усовршување на англиски јазик. Работите за кои немав време, а ми се неопходни ги правам сега. Покрај што учат децата, јас се солидаризирав со нив и го усовршувам англискиот јазик.

– Социјални мрежи, дружење со пријатели, фанови… Со оглед на тоа дека сите мораме да седиме дома, еден од начините за комуникации ни се социјалните мрежи. Гледам да ги користам што помалку, но сепак се дел од моето секојдневие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот