Електронскиот систем замена за линиските судии на „УС Опен“!

Турнирот во САД, како што е планирано, ќе се одржи од 31 август до 13 септември без навивачи на трибините.

Организаторите на грен слем турнирот „УС Опен“ најавуваат промени на турнирот поради пандемијата на коронавирус.

Една од промените е линиските судии да бидат заменети со електронскиот систем „HawkEye Live” (соколово око), како во фудбалот што помага да се види дали топката ја поминала гол линијата или не.

Одреден конечниот термин кога ќе се игра Ролан Гарос

Исто така се очекува децата кои собираат топчиња да бидат заменети со возрасни, потоа новинарите нема да имаат пристап до местата на турнирот, додека мечевите ќе се одржат без квалификации.

Во сингл конкуренцијата, 120 играчи ќе одат директно на главниот турнир, а уште осум учесници ќе добијат „вајлд-карта“. Пониско рангираните играчи кои нема да се квалификуваат на турнирот ќе им биде исплатен паричен надоместок.

Турнирот во САД, како што е планирано, ќе се одржи од 31 август до 13 септември без навивачи на трибините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот