Експресна реакција, Михајлов веднаш си поднесе оставка

twitter.com/shumansko

Денеска си поднесе оставка претседателот на Бугарската фудбалска федерација, Борислав Михајлов, која на состанокот в петок ќе биде претставена пред членовите на Извршниот комитет.

Михајлов го послушал советот од премиерот Бојко Борисов и ја напушти функцијата прв човек на бугарскиот фудбал, иако првично тврдеше дека нема намера да си замине.

Во соопштението на бугарската фудбалска федерација се вели дека Михајлов како човек кој има многу контакти на високо меѓународно ниво, ќе продолжи да помага во развојот на фудбалот во Бугарија.

Негативната слика која се создаде за бугарскиот фудбал во светот со расистичките испади на фановите, и дебаклот од 0:6 во натпреварот со Англија, беа доволна причина врз Михајлов да се направи огромен притисок од јавноста, дури и од премиерот, за тој да си замине од функцијата прв човек на бугарскиот фудбал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот