ЕХФ: Вардар 1961 директно во осминафиналето на ЛШ!?

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Многу натпревари во најквалитетното европско клупско натпреварување се одложуваат поради коронавирусот и ЕХФ размислува за промена на форматот на одигрување на завршницата од оваа сезона, доколку мечевите од групите не бидат завршени во планираниот термин.

Извршниот комитет на Европската ракометна федерација ќе ги информира клубовите учесници, помеѓу нив и Вардар 1961, дека своите натпревари од групната фаза мора да ги одиграат до 4 март 2021 година. Доколку тоа не се случи, ќе се игра осминафинале во кое ќе партицираат сите екипи. Оваа сезона имаме 16 тимови, по осум во двете групи.

Сегашниот систем носи директно место во четвртфиналето на првопласираните две од секоја група. А со евентуалниот нов формат и тие ќе мора да бидат дел од осминафиналето каде ќе се соочат против седмиот и осмиот од другата група.

Вардарци имаат до сега најмалку одиграни натпревари од сите учесници, вкупно пет.

Еве како моментно стои ситуацијата во двете групи во Лигата на шампионите 2020/2021 –

Група „А“

1. Кјелце 13 бодови
2. Флензбург 13
3. Мешков Брест 9
4. ПСЖ 6
5. Порто 6
6. Пик Сегед 4
7. Елверум 4
8. Вардар 1961 3

Група „Б“

1. Барселона 16 бодови
2. Веспрем 13
3. Алборг 10
4. Мотор Запорожје 10
5. Кил 7
6. Нант 4
7. Целје Пивоварна Лашко 2
8. ППД Загреб 0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот