Едноставен и брз оброк – француски тост

француски тост
француски тост/Printscreen/Youtube

Доколку имате дома вишок бел леб- не го фрлајте, рециклирајте го во нешто вкусно, едноставно и слатко. Овој тип на пржено лепче е секојдневен утрински оброк во француската кујна, но е прифатен како интернационален појадок и се служи на многу места во светот.

За овој рецепт нема да ви бидат потребни повеќе од 10 минути, а ќе имате сладок оброк кој ќе ве засити.

Потребни состојки

  • 4 парчиња бел леб
  • 2 јајца
  • 150 мл млеко
  • 1 лажица шеќер
  • половина лажиче цимет
  • путер за пржење

Подготовка

Во длабок сад изматете ги јајцата со млекото, додадете го шеќерот и циметот. Секое лепче потопете го во смесата и ставете го да се пржи во тавче на путер, на среден оган. Откако ќе ги испржите, посипете ги со мед, шеќер во прав или јаворов сируп – по ваша желба. Се служат со свежо овошје или шлаг.

Уживајте!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот