Едно од четирите деца на Борис Новковиќ се вика Си, а најмалото добило најуникатно име

Instagram
Instagram

Музичарот Борис Новковиќ и неговата 25 години помлада сопруга Ирис Волф, во вторникот го добија второто заедничко дете, а сега го открија и неговото име.

Имено, Ирис за хрватската „Глорија“ изјавила дека се чувствувала добро по породувањето и дека нејзиниот син, кого го родила во една од загребските болница со царски рез, го добил името Нео.

Борис и неговата сопруга се заедно од 2015 година, а во 2019 година добија ќерка која ја нарекоа Си.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boris Novkovic (@boris_novkovic)


Да потсетиме, Ирис Волф роди син во болница во Загреб. Според хрватските медиуми, избрачката на пејачот се породила со царски рез и породувањето поминало без никакви компликации.

Новковиќ е пресреќен што по четврти пат станал татко.

„Како и секој пат кога станав татко, овој ден е еден од најсреќните во мојот живот. Сè помина добро со мајката и бебето и едвај чекам да се вратат дома“, изјавил Борис за хрватските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот