Едно лице е повредено во синоќешното невреме

Едно лице е повредено во синоќешното невреме кое го зафати Скопје. Ова денеска на прес конференција го изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Тој рече дека најголема штета, покрај кровот на училиштето Марија Кири Склодовска, била направена и во Карпош.

– Најмногу штета со паднати кровови имаше во Карпош на потегот од мостот Обединети Нации до Скопје Сити Мол, но и тоа беше расчистено до 3.00 ласот изутрина. Колку што знам до сега е евидентирано само едно повредено лице, рече Шилегов.

Додаде и дека во средното хемиско училиште денеска учениците се ослободени од настава, поради паднатиот покрив.

– Во училиштето денеска нема настава. Во моментов службите работат на расчистување на теренот, вклучувајќи го тука јавното претпријатие Улици и патишта, рече Шилегов.

На прашање, зошто кровот не бил сменет, иако училишетото минатото лето беше реконструирано, Шилегов одговори дека реконструкцијата на кровот е направена во 2009 година и сметале дека нема потреба толку брзо повторно да се прават интервенции.

Кровот на средното хемиско училиште бил реконстуиран во 2009 година, од Министерството за образование под тогашно водство на Никола Тодоров. Проценката беше дека нема потреба да се санира нешто што неодамна било направено. Ние таму ја реконструиравме фасадата, односно ја направивме енергетски ефикасна. Очигледно е дека има разлика во нашата работа, и во работата на проектите од Скопје 2014 годсина, кои не го издржаа невремето, рече Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот