Една намирница го штити мозокот од стареење, невролог препорачува да ја консумирате почесто
Дали сте знаеле дека една шолја какао може да го „смири“ мозокот, да го подобри помнењето и да ги заштити нервните клетки од стареење?
Препорачано
Според неврологот д-р Дејвид Перлмутер, какаото е една од најпотценетите намирници кога станува збор за здравјето на мозокот.
Какаото не е само состојка за десерти и чоколади. Во него се кријат флаваноли – растителни соединенија кои имаат силно антиоксидативно и невропротективно дејство.
Научниците објаснуваат дека овие состојки помагаат во заштита на мозочните клетки од воспаленија, стрес и стареење, а можат да придонесат и за подобра концентрација, учење и меморија.
Д-р Перлмутер, познат американски невролог и автор на неколку светски бестселери, истакнува дека какаото позитивно влијае врз микроглиите – имуните клетки во мозокот кои имаат важна улога во неговото функционирање.
Според него, кога овие клетки се премногу активни, може да дојде до хронични воспаленија поврзани со болести како Алцхајмерова и Паркинсонова болест.
Какаото, пак, помага да се намалат воспалителните процеси, ја подобрува циркулацијата во мозокот и го стимулира создавањето на БДНФ – фактор за раст на нервните клетки.
Експертите советуваат да се избира што помалку обработено какао, бидејќи токму тогаш има најмногу хранливи материи.
Најдобар избор се темно чоколадо со најмалку 70 проценти какао, незасладен какао-прав, сурово какао или зрна какао.
Овој популарен пијалак ги штити артериите од долготрајно седење


