Една голтка дневно од овој пијалак ќе направи чудо за вашиот црн дроб, подочниците и тенот!

Profimedia
Фото: Профимедиа

Црниот дроб е исклучително важен орган бидејќи го презема производството на протеините на крвта, и учествува во процесот на нејзиното обновување.

Освен тоа, помага во јакнењето и стимулацијата на варењето. Затоа, не е претерано да се каже дека чист црн дроб значи здравје, виталност, здрав изглед и добро расположение.

Секојдневно можете да направите нешто за својот црн дроб. Имено, на празен желудник потребно е да испиете една лажичка маслиново масло помешано со лимонов сок. Важно е да ја испиете мешавината на празен желудник, а потоа можете да појадувате.

Од здравјето на црниот дроб ве дели многу едноставен чекор. Веќе по само еден месец ќе почувствувате промени. Ќе се намалат вашите подочници, тенот ќе изгледа поблескаво, а варењето ќе ви биде одлично. Освен тоа, ќе имате чувство дека сте полни со енергија.

Маслиновото масло одлично помага во отворањето на каналот на црниот дроб и жолчното ќесе. Лимонот исто така е добар во тоа, а притоа е и одличен извор на витаминот Ц, и ги чисти крвните садови од наслагите на холестерол.

Црниот дроб е, всушност, најголемата жлезда кај цицачите која има и најголем број функции, тежи околу 2 килограми. Сместен е на десната страна од  стомачната празнина, под  дијафрагмата. Се состои од лев и десен резен. Во десниот резен е лоцирано жолчното ќесе.

Црниот дроб е и жлезда со најголем број функции, над 500. Некои од поважните се:

– Метаболична: регулација на нивото на шеќер во крвта, конверзија на амонијакот во уреа, конверзија на провитаминот А и витамин A итн.

– Одбранбена: формирање на одбранбени протеини, синтеза на коагулативните фактори, фагоцитоза на стари клетки итн.

– Детоксикативна: неутрализација или елиминација на течни или отровни материи, најголем дел од никотинот се детоксицира во црниот дроб.

– Депонирање на: гликоген (околу 20 отсто), витамините A, ПП, Б 12, K, фолна киселина, крв, бакар и железо.

Црниот дроб ја создава жолчката за варење на мастите, помага во одржувањето на нивото на шеќерот во крвта, создава крвни белковини, го помага згрутчувањето на крвта, го контролира создавањето и размножувањето на крвните зрнца, ги складира витамините, ги отстранува отровите, ја складира енергијата, создава топлина и ги уништува микроорганизмите во системот за варење.  

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот