Една година без Аки Рахимовски: Синот на пејачот објави емотивно видео
Денес навршува една година од смртта на на легендарниот фронтмен на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски кој почина на 67 годишна возраст во Словенија. Кристијан Рахимовски, синот на Аки, на својот инстаграм-профил објави видео на кое е со неговиот татко проследено со емотивна порака.
Препорачано
Александар „Аки“ Рахимовски е роден во Ниш, но за брзо време се преселува во Скопје. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење.
View this post on Instagram
Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите “Вакуум”, “Крвна браќа” и “Тор” со кој настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек – Мих го формираат првиот состав на “Парни ваљак”.
View this post on Instagram
Toj беше еден од омилените музички појави во поранешните југословенски републики, а со децении беше присутен на рок сцената. Имаше дуети и со нашите ѕвезди, како Калиопи и Тоше Проески.
Почина мајката на Аки Рахимовски: До самиот крај не знаела за смртта на син ѝ


