Синот на Аки Рахимовски по обвинувањата: Гробното место на татко ми е уредно и одржувано од семејството

Кристијан и Аки Рахимовски / Фото: Принтскрин/Фејсбук

Кристијан Кики Рахимовски кристијан рахимовскина својот фејсбук-профил ја појасни информацијата која наводно се појавила во фејсбук-група за неговиот татко, односно со гробното место на Аки.

„Почитувани членови на групата Аки Рахимовски – После сите овие години, пред сè во име на семејството Рахимовски, ви благодарам на сите за љубовта и зачувувањето на споменот на ликот и делото на мојот татко, и на многумина од вас и вашите пријатели. На 19 септември 2022 година, до мене и моето семејство стигна информација дека во групата се презентира личното гледиште и изјава на г-дин Ненад Шоне во врска со вечното почивалиште на татко ми“, пишува Кристијан.

„Ги повреди чувствата на семејството Рахимовски“

„Со оглед на тоа што господинот Ненад не е член на семејството Рахимовски и не е информиран за точната состојба на изградбата на споменикот, тој создаде впечаток кај членовите на групата со својата изјава дека семејството не се грижи за гробното место на татко ми, што пред сè е целосно неточно, а во исто време ги повредува чувствата на семејството Рахимовски.

Точната информација за сите членови е дека споменикот е во изградба и ќе биде завршен во блиска иднина. Со оглед на моменталната ситуација, гробното место на татко ми е секогаш уредно и одржувано од целото семејство. Ако г-дин Ненад Шоне сакаше точни информации, можеше да го стори истото, како некои од вас кои ми испратија прашања во инбокс.

Напротив, г-дин Ненад Шоне во групата во која е администратор има над 5.000 членови го искажал својот личен став со непроверени информации и поради таа причина и за да го заштитам споменот на татко ми побарав групата да се затвори“, напиша Кристијан.

кристијан рахимовски
Кристијан Рахимовски / Фото: Принтскрин/Фејсбук

Тој додаде дека нема ништо против групата и смета дека секој што го сакал Аки има право да ги сподели своите спомени.

Да потсетиме, Аки Рахимовски почина на 22 јануари на 67-годишна возраст во Словенија. Тој беше фронтмен на Парни Ваљак повеќе од три децении и зад себе остави бројни хитови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот