Почина мајката на Аки Рахимовски: До самиот крај не знаела за смртта на син ѝ

Фото: Facebook

Почина Ана, мајката на музичарот Аки Рахимовски, утрово во Скопје. Веста ја објави нивната кума од Скопје, новинарката Мирјана Василева на „Фејсбук“. Василева на социјалната мрежа напиша дека Ана сега конечно е заедно со својот син, кој почина на 22 јануари годинава во Ново место, Словенија.

„Патувај во божјата светлила тетка Ана, сигурно ќе те дочека синот Аки Рахимовски, почивај во мир“, напиша Василева.

Фото: Facebook-принтскрин

За „Женски магазин“ таа раскажа дека Ана починала во домот за стари лица каде што претсојувала последниот период од својот живот, и до самиот крај не знаела дека нејзиниот син починал пред неа.

Пејачот на култната рок група „Парни Ваљак“, Аки Рахимовски почина на 67-годишна возраст и беше испратен со многу почести од неговото семејство, пријатели, колеги и обожаватели.

„Му се слоши утринава и веднаш беше однесен во болница во Ново Место. Пред еден час ми се јавија дека починал, но уште не ја знаеме причината за смртта“, изјави тогаш неговиот менаџер Давид Осредечки за медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот