Еден од паровите поради кои веруваме во љубовта – Заедно се 37 години, но никогаш не се венчале (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Голди Хоун и Курт Расел се еден од оние парови поради кои веруваме во љубовта. Овие две звезди ја започнале својата врска на Валентајн во 1983 година, а нивната љубов и по 37 години е посилна од било кога.

Фото: Инстаграм

Сепак, иако се заедно речиси четири децении, Хоун и Расел никогаш не се венчале. Хоун во една прилика во едно интервју за „Loose Women“ откри и зошто:

Фото: Инстаграм

– Би биле одамна разведени доколку се венчавме. Бракот е интересна психолошка работа. Но доколку сметате дека на вас ви е потребна таква врска со некого, тогаш е важно да се венчате. Курт и јас го сакаме чувството на слобода кое ни го дава фактот дека не сме во брак, а иако имаме толкава слобода, и двајцата одлучивме да останеме заедно.

Фото: Инстаграм

Парот има едно заедничко дете, синот Вајт Расел, а двајцата имаат и деца од претходните бракови. Хоун е мајка на Оливер и Кејт Хадсон кои ги доби во бракот со Били Хадсон, а Курт го има и синот Бостон Расел од поранешната сопруга Сизон Хабли.

Фото: Инстаграм

Освен на љубовен план, на овие гулапчиња секогаш им одеше прилично добро и на деловниот план. Голди е добитничка на Оскар која брилираше во мноштвото сјајни филмски дела, а Курт може да се пофали со номинацијата за Златен Глобус.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот