Еден од најслабите тимови во Германија приреди сензација – го елиминираше европскиот шампион
Вчера во Германија се случи едно од најголемите изненадувања во поновата ракометна историја каде во купот Бергишер го шокираше фаворитот Магдебург и обезбеди пласман во финалето.
Препорачано
Во преполната сала во Келн, пред околу 20.000 гледачи, аутсајдерот славеше по изведување на седмерци со 31-30. По регуларните 60 минути резултатот беше 22-22, а неизвесноста продолжи и во продолженијата, кои завршија 27-27.
Одлуката падна во пенал-рулетот, каде ракометарите на Бергишер покажаа повеќе присебност и храброст, приредувајќи вистински подвиг. За актуелниот европски шампион Магдебург, кој важеше за еден од главните фаворити за „тројна круна“, клучни се покажаа неколкуте промашени седмерци во текот на натпреварот.
Оваа победа за Бергишер претставува историски успех и најголем момент во клупската историја, додека Магдебург ќе мора да се помири со неочекувано рано испаѓање од Купот. Инаку, Бергишер е тим кој во германската Бундеслига се бори за опстанок и во овој момент се наоѓа на 15-тата позиција.
Охрид му одржа лекција на Пелистер и се пласираше во финалето од купот


