Вардар издоминира против Алкалоид и закажа финале со Охрид
Ракометарите на Вардар ќе играат во финалето в недела против Охрид во битката за куп-трофејот откако вечерва беа подобри од Алкалоид со…
Препорачано
Од почетокот до крајот на мечот имаше изгледаше дека Вардар има контрола над ситуацијата на теренот, иако „црвено-црните“ во првото полувреме не успеваа да се „одлепат“ на поголема разлика. На одмор водството на избраниците на Чупиќ беше три гола (18-16).
По враќањето од паузата вардарци „додадоа“ гас па во првата половина од ова второт полувреме го решија прашањето на победникот, Алкалоид кој беше и без неколку свои стандардни ракометари не успеваше да парира и да го следи темпото.
Разликата на Вардар одеше до десет гола до коај стигнаа во 45. (29-19) Минута и тука веќе беше јасно дека момците на Лазаров немаат сили целосно да се врат во натпореварот, па прашање беше само конечниот резултат.
Не смени многу и исклучувањето на Милан Лазаревски кој доби црвен картон пред крајот на првиот дел, претходнo исто така кај Вардар исклучен беше и Урош Митровиќ во седмата минута.
Финалето в недела се игра во терминот од 20:00 часот, додека утре исто така во Струмица се играат полуфиналињата во женска конкуренција.
Охрид му одржа лекција на Пелистер и се пласираше во финалето од купот


