Фото: Screenshot/youtube.com/@rfmhandball8681

Спартак е вториот финалист во Купот на Македонија

Ракометарките на Спартак триумфираа во Струмица во второто полуфинале од Купот на Македонија против ЖРК Чаир со резултат 24:23.

Во победничките редови Андовска запиша осум голови, а на спротивната страна Дамчевске реализираше пет.

Финалето во спортската сала „Парк“ ќе се игра в недела (19 април) со почеток од 17.00 часот помеѓу РК Спартак и Ѓорче Петров ЖРК.

Од Ракометната федерација на Македонија (РФМ) информираат дека влезниците за финалниот меч се достапни на mktickets.mk

Потсетување, во првото полуфинале тимот на Ѓорче Петров ЖРК, бранителот на трофејот, славеше против ЖРК Пелистер 2012 со 37:15.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот