Еден од најдобрите боксери на сите времиња одбил борба со Тајсон

фото: твитер

Легендарниот американски боксер, Џорџ Форман, открива дека одбил да боксува со Мајкл Тајсон.

Формен се смета за еден од најдобрите боксери на сите времиња, изненадувачки во 1977 година на свои 28 години одлучи да се пензионира.

твитер

Одлуката за пензија ја донесе во шокатниот пораз од Џими Јанг иако претходно во 46 борби имаше само еден пораз, во најпозната борба на сите времиња „Rumble in the Jungle“ против Мухамед Али во Заир.

Но, десет години подоцна одлучи повторно да ги облече ракавиците и да му се врати на боксот. Форман веднаш добил шанса да боксува против тогаш 21-годишниот Мајк Тајсон кој беше најголема ѕвезда, но се осмели да влезе во рингот.

Тајсон беше ноќна мора за сите боксери во рингот. Не сакам да имам ништо со него, Мајк беше вистински ѕвер. Доколку ве промашеше со левата и десната рака, ќе ве гризнеше. Да, не сакав да влезам во рингот со тој човек. Слушнав дека и Тајсон бил малку исплашен од евентуална борба со мене, и тоа ми е мило – открива Форман.

Форман иако го избегна Тајсон со серија од неколку победи успеа да дојде до борба за титулата, во која загуби од Ивандер Холифилд на поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот