Ед Ширан позитивен на коронавирус, ќе настапува од дома

ед ширан џејмс корден татко bad habits
Фото: EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Британскиот кантавтор Ед Ширан е тестиран позитивно за коронавирусот, но тој ќе продолжи да настапува и да дава интервјуа од својот дом во Сафок.

Како што пренесуваат странските медиуми, Ширан на Инстаграм објавил дека ќе биде во самоизолација, согласно насоките на британската влада.

„Сакам да ви соопштам дека, за жал, се тестирав позитивно за ковид-19, така што сега сум самоизолиран и ги следам владините насоки. Тоа значи дека сега-засега не можам да извршувам никакви обврски лично, така што моите планирани интервјуа/настапи колку што можам повеќе ќе ги правам од мојата куќа. Се извинувам на секој што сум го изневерил. Бидете безбедни сите“, напиша Ширан во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ed Sheeran (@teddysphotos)

Британскиот текстописец и кантавтор минатата недела настапи во Лондон зво текот на доделувањето на наградите „Earthshot“, наменети за оние кои се обидуваат да ја спасат планетата, потсетува Би-би-си.

Наградите ги доделува Кралската фондација на принцот Вилијам и Кејт Вилијам.

Новиот албум на Ед Ширан насловен „=“ ќе излезе в петок.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот