Е. Пелистер против унгарскиот гигант Веспрем за финале во СЕХА лигата

фото: seha-liga.com

Во четвртокото се дознаа сите учесници на 11 издание на Фајнал-фор турнирот во СЕХА Газпром лигата, последен кој обезбеди место на завршницата во Задар (Хрватска) беше Е. Пелистер кој во Битола го елиминираше Мешков Брест.

Битолчани за првпат ќе играат на Ф4 турнирот во ова регионално натпреварување, а противник во полуфиналето ќе им биде унгарскиот гигант Веспрем.

Овој меч ќе се игра од 20.30 часот на 2 септември, а истиот ден, но од 18.00 часот е хрватскиот дуел помеѓу Нексе и ППД Загреб.

На 4 септември од 16.30 часот е закажан натпреварот за третото место, додека финалето ќе се игра од 19.00 часот.

Црногорското десно крило Мирко Радовиќ на Е. Пелистер беше среќен по пласманот на Ф4 турнирот, а значаен придонес имаше и публиката во салата „Боро Чурлевски“.

– Како да не стегнете заби кога играте со овие момци и пред ваква публика, нема нешто што може да ме спречи да играм. Сакам да ѝ се заблагодарам на публиката, на ваквите навивачи, ова е една неверојатна атмосфера, уживање е да се игра тука ракомет. Би кажал дека и играчите покажаа еден невиден карактер. Дури и кога примивме гол во последната секунда, стиснавме заби и победивме на пенали, на најубав можен начин. Сега одиме на завршниот турнир – рече Радовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот