ВИДЕО: Е. Пелистер за првпат ќе игра Ф4 турнирот во СЕХА лигата

Нова сезона во Лигата на Европа за Еурофарм Пелистер/фото: seha-liga.com/Sasa Pahic Szabo/kolektiff

Е. Пелистер вечерва пред полната сала „Боро Чурлевски“ во Битола успеа со вкупни 27:26 по пеналите (во регуларните 60 минути беше 23:23) да го совлада белорускиот Мешков Брест и да го обезбеди својот премиерен настап на Фајнал-фор турнирот во СЕХА Газпром лигата на Фајнл 4.

Од самиот почеток тоа беше тесен натпревар на две екипи кои претрпеа значителни промени во ростерот во текот на летото. Руди Сери во редовите на македонскиот вицешампион имаше одлични перформанси во нападот и се покажува како големо засилување за битолчани.

По првото полувреме екипите беа речиси израмнети, играчите на Ларс Валтер имаа само „плус еден“ (11:10). Мечот беше речиси ист во вториот дел со одбраните кои го диктираа темпото на двете страни од теренот.

Танкоски во последниот напад за Е. Пелистер стрелаше за 23:22, а противниците успеаја во последната секунда преку Стевановиќ да израмнат и го одведат мечот во пенал серија.

Е. Пелистер славеше со 4:3, кај домаќините прецизни беа Пешевски, Хосни, Вилсон и Кузманоски, неуспешен беше само Радовиќ. На спротивната страна за гостите непрецизни од седмерците беа Куран и Алиохин.

По овој дуел сега ги знаеме сите учесници на Ф4 турнирот во Задар кој ќе се одржи од 2 до 4 септември 2022 година. Тие се Е. Пелистер, Веспрем, Нексе и ППД Загреб. Противник во полуфиналето на Е. Пелистер на 2 септември ќе биде унгарскиот Веспрем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот