Ѕвездата на „Американска пита“ сака да купи куќа со првиот милион од „Онлифaнс“ — по разводот сѐ уште живее кај пријатели
Актерката Шенон Елизабет, која стана светски позната по улогата на Надја во култната комедија „Американска пита“, откри дека планира конечно да си купи свој дом со заработката од платформата „Онлифенс“. Иако само во првата недела заработи неверојатни милион долари, актерката моментално се соочува со необична животна ситуација, пишува „Ледбајбл“.
Препорачано
Во последното интервју, Елизабет сподели дека од септември 2025 година, кога се раздели од сопругот Сајмон Борчерт, живее како гостинка кај пријатели.
„Сè уште немам смислено каде ќе живеам, дали ќе купам или ќе изнајмам стан. Сите мои работи се во складиште од септември. Знам само дека ќе останам во Јужна Африка бидејќи ја сакам оваа земја, имам прекрасни пријатели тука и многу работа со мојата фондација“, открива актерката.

Шенон, која поднесе барање за развод минатиот месец, признава дека периодот од септември до март бил исклучително тежок и емотивен за неа. Идејата за приклучување на „Онлифенс“ дошла од нејзиниот менаџер во ноември 2025 година, а огромниот финансиски успех сега ѝ ја вратил самодовербата.
Таа нагласи дека оваа платформа ѝ овозможува финансиска слобода да биде поселективна во изборот на актерски улоги, но и начин да собере средства за својата хуманитарна фондација.
Фондацијата на Шенон Елизабет е посветена на заштита на загрозените животински видови и нивните живеалишта. Актерката планира дел од заработката и активностите да ги насочи директно кон еколошки и хуманитарни цели.
Иако платформата е позната по содржини за возрасни, Елизабет тврди дека досега немала претерано сексуални барања од фановите, но останува отворена за процесот и начинот на кој функционира оваа социјална мрежа.


