Фото: Џудо Клуб Дрим Струга

Џудистите на Дрим Струга со шест медали на турнирот во Целје

Македонскиот џудо клуб „Дрим“ – Струга освои шест медали на меѓународниот новогодишен џудо турнир во Целје.

Џудистите на „Дрим“ Струга беа супериорни и забележаа исклучително успешен настап на силниот турнир во словенечкиот град каде што младите натпреварувачи прикажаа врвно џудо.

Со златен медал се закитија Амар Бајрамоски и Елеонора Јосифоска, сребро имаат Доријан Петковски и Енил Ајдиноски, додека бронза Мила Стојмиловска и Давид Спироски.

ЏК „Дрим“ Струга воедно информира дека одличен настап забележа и Мунир Ајдиноски кој и покрај добрата форма покажувајќи висок натпреварувачки дух, сепак остана без медал.

Клубот воедно упатува посебна благодарност до Субија Тајроски, македонски бизнисмен кој живее и работи во Словенија, за неговата континуирана и несебична поддршка кон младите спортисти од Струга. Човек кој долги години го помага спортот но и на секој кој навистина му е потребно.

ЏК „Дрим“ продолжува да ја афирмира Струга и Македонија на меѓународната спортска сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот