Џудистите на „Дрим“ од Струга со четири медали на европскиот топ турнир во Мостар

Младите џудисти на Дрим на „Борса Опен“/фото: Џудо Клуб Дрим Струга

Огромен успех остварија младите членови на македонскиот џудо клуб „Дрим“ од Струга на Европскиот Топ турнир „Борса Опен 2023“ во Мостар, Босна и Херцеговина, за дена од 11 до 18 години.

На овој турнир имаше 1000 натпреварувачи од 30 земји, а ЏК Клуб „Дрим“ освои четири медали.

Со злато се закити Давид Спироски, сребрени медали освоија Катерина Клењоска и Давид Ќосеско, а бронза Елеонора Јосифоска.

Од клубот воедно информираат дека одлични борби имаа и Мишела Јаулевска, Божидар Јулоски и Милан Стојмиловска кои се пласираа на петтото место.

Ова е само продолжување на успесите на Џудо Клубот „Дрим“ од Струга и нивните членови, годинава на Балканското првенство за сениори во Пеќ третопласирани беа Андреј Симоноски и Андреј Чакаровски.

Потоа, осум медали на меѓународниот натпревар „Трофеј Пантера“ во Бијељина, вкупно 18 медали на три натпревари во Аминдео, Бор и Рожаје. Злато освои тренерот Марин Билјаноски на Балканското првенство за ветерани во Прилеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот