Џон Траволта скршен од болка се прости од Оливија Њутн-Џон: Твој од првиот момент кога те видов и засекогаш, твојот Дени

Фото: Профимедиа

Актерот Џон Траволта, партнерот на Оливија Њутн-Џон во култниот филм „Брилијантин“, по веста за нејзината смрт на Инстаграм напиша дека „ги направила сите животи подобри“.

„Моја најмила Оливија, ти ги направи сите наши животи многу подобри. Твоето влијание беше неверојатно. Те сакам толку многу. Ќе се видиме долу на патот и сите повторно ќе бидеме заедно. Твој од првиот момент кога те видов и засекогаш! Твојот Дени, твојот Џон“, напиша Траволта покрај фотографијата на Оливија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

Легендарната актерка, текстописец и пејачка Оливија Њутн-Џон, која ќе остане запаметена како Сандра Ди ‘Сенди’ Олсон во мјузиклот „Брилијантин“, почина вчера на 73-годишна возраст, по долгата и тешка борба со ракот на дојка.

„Брилијантин“ едноставно го освои светот, а Оливија, како и Траволта, стекнаа светска слава.

Оливија глумеше како Сенди Олсон во мјузиклот од 1978 година за тинејџери вплетени во подеми и падови на средношколската романса. Филмот, во кој Џон Траволта го глумеше „лошото момче“ Дени Зуко, само во првата година донесе неверојатни 160 милиони долари.

Фото: Профимедиа

Инаку, танцот што Траволта и Оливија го изведоа пред повеќе од четири децении за потребите на мјузиклот е можеби најзаслужниот за популарноста на целиот проект.

Почина познатата актерка Оливија Њутн-Џон

Оливија Њутн откри зошто со Џон Траволта не играа во продолжението на „Брилијантин“!

Оливија Њутн Џон среќна што третпат го победи ракот ќе им помага на луѓето што се борат со болеста

Видео на денот