Оливија Њутн откри зошто со Џон Траволта не играа во продолжението на „Брилијантин“!

инстаграм

На Оливија Њутн-Џон и Џон Траволта им беше ускратена можноста да глумат во филмот „Брилијантин 2“, продолжение на едно од најуспешните музички достигнувања на сите времиња, откри пејачката и актерка, пишува Експрес.

Австралиската sвезда ја играше Сенди Олсон во мјузиклот од 1978 година за тинејџери вклучени во подеми и падови на романса во средно училиште. Филмот во кој Џон Траволта го играше „лошото момче“ Дени Зак, донесе неверојатни 160 милиони долари само во првата година. Њутн-Џон, која неодамна го прослави својот 72 роденден, откри неочекувана причина зошто никогаш не учествувала во продолжението. пренесува Хедлајнер.

Брилијантин едноставно го освои светот. За време на првиот викенд во кината, тој заработи 9,3 милиони американски долари, а во првата година беа продадени 13 милиони албуми со филмска музика. Дури четири песни беа на списокот на Билборд со топ 10 синглови. Филмот заработи скоро 400 милиони долари вкупно (чини „само“ 6 милиони долари) и е адаптиран во повеќе од 123 000 сценски музички продукции ширум светот.

Три децении важеше за филмски мјузикл со најголема заработка на сите времиња, сè додека не го отстрани од првото место во 2008 година од „Мама Миа!“.

инстаграм

И покрај несомнениот успех, многу очекуваниот „Брилијантин 2“ беше пречекан со нож од критичарите, а публиката очигледно го кажа своето бидејќи филмот едвај ги врати вложените средства. На прашањето што мисли за продолжението од 1982 година, Оливија Њутн-Џон се намурти и рече:

„Ништо!“

Таа се присети на својата средба со тимот „Брилијантин 2“ во интервју во емисијата „Гледај што се случува во живо“ на ТВ Браво 2016.

„Се сеќавам само дека тие нè прашаа, или поточно понудија да снимат продолжение, а потоа тоа едноставно не се случи. Ние дури и не започнавме со преговори, а тие се свртеа кон другите актери и го сторија тоа со нив“, рече Њутн-Џон.

Филмот се снимаше две години откако Дени, Сенди и останатите Т-птици и Пинк дами завршија во гимназијата Рајдел. Улогата продолжи да ја игра Мишел Фајфер како лидер на Пинк дамите, заедно со Максвел Колфилд како англиски студент за размена – братучед на Сенди. Скоро сите актери од првиот дел ги повторија своите улоги – освен Траволта и Њутн-Џон.

Актерката сподели и неколку убави спомени од „Брилијантин“:

„Сите бевме во доцните 20-ти и 30-ти, но се чувствувавме како тинејџери. Мислам дека целата работа беше многу забавна од почеток до крај. Имавме одлична енергија“.

Во искрена исповед за „Фикс“ во 2012 година, Њутн-Џон призна дека дел од нивниот успех во филмот е што таа и Траволта „се вљубија едни во други“.

https://www.youtube.com/watch?v=7oKPYe53h78

Таа се сети и на нивниот прв состанок, кога тој ја посети во нејзината куќа во Малибу за да ја убеди на аудиција за улогата на Сенди.

„Ги имаше тие светлосини очи, кои ги има и денес, и само што ме „зароби“ веднаш. Тој беше толку убав, а јас бев многу нервозна кога го снимав филмот. Тој ме убеди да направам тест-снимање, што и го направив. Излезе одлично, а останатото е познато“, рекла Оливија Њутн-Џон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот