Џејми Фокс на 58 години чека дете со 27 години помладата партнерка
Холивудскиот актер Џејми Фокс повторно ќе стане татко. Според информациите што ги објави „Ти-ем-зи“, неговата партнерка Алис Хакстеп е бремена со нивното прво заедничко дете.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Извори блиски до парот тврдат дека 58-годишниот актер и 31-годишната Хакстеп ја обновиле врската минатата година, а таа е бремена веќе неколку месеци.
Фокс веќе има две ќерки. Корина, која денес има 32 години, ја доби во 1994 година со поранешната партнерка Кони Клајн, додека 17-годишната Аналис е од врската со Кристин Гранис.
Алис Хакстеп, поранешен австралиски фитнес-модел и претприемачка, беше покрај актерот и во најтешкиот период од неговиот живот – здравствената криза низ која помина во 2023 година.
„Беше покрај него цело време додека беше болен, а по тоа уште повеќе се зближија“, изјавил извор за „Ин тач“ уште во март 2024 година.
На почетокот на 2025 година медиумите пишуваа дека парот раскинал по година и пол врска, но само неколку месеци подоцна повторно беа видени заедно во јавноста, што ги поттикна гласините за помирување.
🍼 EXCLUSIVE: Jamie Foxx is expecting a baby with his girlfriend Alyce Huckstepp! https://t.co/Ix5NsnS1w7 pic.twitter.com/Xhzhc1oBkT
— TMZ (@TMZ) May 12, 2026
Веста за бременоста доаѓа три години по драматичната здравствена состојба на актерот, кога во април 2023 година итно беше хоспитализиран поради сериозна медицинска компликација.
Деталите за неговата состојба долго време беа чувани во тајност, а дури кон крајот на 2024 година Фокс откри дека доживеал мозочен удар и дека поради тоа изгубил меморија на 20 дена и не можел да оди.
Актерот изјави дека животот му го спасила неговата сестра Деидра, која веднаш го однела во болница во Атланта, каде што бил подложен на итен медицински зафат.
„Кога се разбудив, бев во инвалидска количка. Не можев да одам“, раскажал актерот.
Фокс признал дека на почетокот одбивал да прифати дека доживеал мозочен удар, а открил и дека еден терапевт му рекол: „Мора да го убиеш стариот Џејми за новиот Џејми да може да продолжи понатаму.“
На крајот актерот зборувал и за верата и животната лекција што ја извлекол од целото искуство.
„Бог ме благослови со пари и слава, а кога заборавив на него – ме благослови со мозочен удар“, изјавил Фокс.


