ФОТО | Џеј-Зи стави крај на озборувањата и призна дека Блу Ајви сама се изборила за секој аплауз на сцената
Во новото интервју за „Џеј-кју“, музичкиот магнат Џеј-Зи застана во одбрана на својата 14-годишна ќерка Блу Ајви. Тој реши да стави крај на етикетите дека таа е само уште едно „непо-бебе“ и откри дека девојчето со сопствен труд го заслужило секој аплауз на големата сцена.
Препорачано
Иако Блу Ајви порасна во сенката на еден од најмоќните парови во светот, нејзиниот татко инсистира дека славата не ѝ била сервирана на тацна. Во опширниот разговор, раперот опиша пресвртна точка од светската турнеја на Бијонсе, која му покажала дека неговата ќерка поседува борбен карактер кој не се наследува, туку се гради.

„Не се појави на сцената туку-така“
На почетокот на турнејата, Блу Ајви, според неговите зборови, само ги изведувала движењата без вистинска пасија.
„Работеше многу за да стигне до таму, но сè уште не го даваше максимумот. Само ги повторуваше чекорите. Потоа почна да се бори. Можеби првпат во животот ја видов како навистина се труди да сфати дека ништо не доаѓа само по себе. Таа самата се избори за тој успех“, изјави тој.

„Веќе не можеме да ја тргнеме од сцената“
Ентузијазмот на Блу Ајви оттогаш не стивнува, па сега таа сака да биде дел од речиси секој настап на нејзината мајка.
„Речиси е во секоја точка. Морав да ја тргнам од некои сегменти, му велев на обезбедувањето ‘луѓе, па таа не може да биде на сцената додека Бијонсе ја пее ’Six-inch heels‘ … луда ли е?’ ‘, се пошегува тој низ смеа, алудирајќи на провокативната содржина на песната, и додаде дека нема лесно да ја тргнат од сцената.

Неверојатен слух што не се учи
Освен танцувањето, Џеј-Зи откри и помалку позната страна од талентот на својата ќерка. Ја опиша како исклучително талентирана пијанистка со апсолутен слух, доволно е само еднаш да слушне песна за веднаш самата да научи да ја свири.
„Тоа е чист талент, таа воопшто не вежба за тоа“, рече тој. Сепак, Блу Ајви засега одбива да има професионален наставник по музика бидејќи не сака нејзината најголема страст да се претвори во „работа“.



