ФОТО+ВИДЕО | Џабе ја бараше Лидија – Јанг Дади на крајот заврши во лифт со Тино Костадиновски и се обиде да го бакне
Ако мислевте дека сте виделе сè од македонската музичка сцена, почекајте да ја слушнете и видите „Лидија“. Новиот спот на Јанг Дади предизвика лавина реакции, а по гледањето ќе имате повеќе прашања отколку одговори.
Препорачано
Целата „драма“ се одвива во еден лифт, а внатре буквално „кој помина – влезе“. Јанг Дади со папилоти на главата и во негов препознатлив луд стајлинг, влегува и излегува, барајќи ја мистериозната Лидија.
Низ лифтот како на филмска лента поминуваат куп познати личности од Сергеј Варошлија, Марија Јанчевска и Ема Камчевска, па сè до Јаков Ристовски и Георги Георгиевски. Секој носи своја енергија, ама никој не му ја дава на Дади одлучувачката трага каде е Лидија?

Моментот поради кој „гори“ интернетот
И токму кога ќе помислите дека Лидија ќе се појави од некаде со голем букет, наместо женски лик, на крајот Дади се соочува со актерот Тино Костадиновски. И тука доаѓа моментот за кој сите зборуваат, Дади се приближува за да го бакне Тино.

Зад овој музички проект стои проверена екипа. Музиката и текстот се на самиот Дади, додека за звукот (бит, аранжман и микс) се погрижија Андрејник и Димитар Николов. Визуелното лудило е под палката на режисерот Илија Димкоски, а камерата е на Борис Ралев.
„Лидија“ дефинитивно не е песна што се пушта еднаш и се заборава. Ќе ја враќате пак и пак, само за да видите дали добро сте виделе што се случило на крајот.


