Двомесечно бебе починало како последица на ковид во Србија

Ковид клиника Србија
Фото: ЕПА/ЕФЕ

Едно двомесечно бебе починало како последица на коронавирусот на Детската клиника Тирсова во Белград, пренесува Танјуг.

– За жал, првото бебе кое го добивме почина минатата недела. По речиси шест недели борба за живот, изјави докторката Снежана Рсовац.

Таа изјавила дека на таа клиника биле сместени уште две бебиња и дека нивната моментална состојба е добра.

– Едномесечното бебе е на интензивна нега, а другото бебе успеа да се опорави иако долго беше на респиратор, изјави Рсовац за ТВ Прва.

Таа додаде дека сите други деца на таа клиника се добро, а се намалил и бројот на примени на заразени деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот