Фото: vfmkd.org.mk

Двојна круна за Панатинаикос и Савовски во Грција

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски премиерната сезона во грчкото одбојкарско првенство во дресот на Панатинаикос ја завршува со двојна круна – шампион и освојувач на Купот.

Во финалето на плејофот Панатинаикос славеше со 3:1 во победи над ПАОК и со тоа стигна до 28 шампионска титула во клупската историја.

За првпат по 41 година успеа да ја одбрани титулата, односно втора година во низа ќе остане на врвот во Грција. Истовремено по петти пат во историјата клубот ја освојува двојната круна.

Во четвртиот натпревар од серијата на гостински терен Панатинаикос победи со 3:1 (25:22, 32:34, 26:24, 25:20) по голема борба и маратонски дуел кој траеше скоро два ипол часа.

Официјалното крунисување и шампионската прослава е закажана за в четврток во домот на Панатинаикос, салата „Павлос Saнaкопулос“ во Атина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот