Две сценарија за „ликвидацијата“ на лидерот на кавачкиот клан

Радоје Звицер/ Фото Принтскрин

Низ српските медиуми последниве денови се појави информација дека лидерот на Кавачкиот клан Радоје Звицер бил ликвидиран во Панама на 30 септември, иако во панамските медиуми се уште нема таква вест. И додека се уште е вистинска мистерија што се случило и дали Звичер е навистина во Панама, постои сомневање дека веста за смртта на озлогласениот водач на кавачкиот клан ја пренеле од Шкаљарскиот клан, пишува српска „Нова“.

Како што пишува српскиот медиум, она што се случило во Панама е вистинска енигма, а според досегашните информации Звицер е жив и неговиот опис не се совпаѓа со ранетите од престрелката, која се случи минатата недела во јужноамериканската земја. Мистерија е од каде потекнува првичната информацијата, а извесно е дека таа се проширила со молскавична брзина, најмногу преку социјалните мрежи, односно профили блиски до „шкаљарите“.

Имено, првичната вест за ликвидацијата на Звицер се прошири на социјалната мрежа Тикток и на профилите кои се занимаваат со настани во црногорското подземје. Недолго потоа, роднините на Балша Ѓурановиќ, наводниот кум на убиениот водач на „шкаљарите“, Јован Вукотиќ, објавија снимки од прославата по веста за убиството на водачот на кавчанците.

Некој од семејството Ѓурановиќ најпрвин напишал: „Да славиме, да го прославиме овој прекрасен ден!“

Тој потоа објави клип од медиумите за убиството на Звичер со коментар: „Какви се тие професионални убијци, дури му ја знаат и куќата!“.

Како што пренесуваат српските медиуми, „шкаљарите“ неодамна претрпеле тежок удар со убиството на водачот на групата, Јован Вукотиќ, па се поставува прашањето дали можеби ја објавиле веста дека е убиен Звицер, за да и покажат на ривалската група дека „се уште се во играта“.

Од друга страна, не е исклучена можноста информацијата за убиството на Звицер да ја пренел кавчанскиот клан за да се доведе во заблуда трагата каде навистина се крие, смета „Нова.рс“.

Радоје Звицер со месеци е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница.

Дури и неговото семејство, односно ќерките и сопругата, не ја потврдија наводната ликвидација, но ниту ги негираа наводите.

Исто така, во моментот кога веста штотуку се појави, Ива Звицер, неговата сопруга, објави видео на кое се вози во автомобил, а во позадина свири музика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот