Во Панама убиен озлогласениот мафијаш Радоје Звицер, шефот на Кавачкиот клан

Нешто по 20 часот вечерва, во Панама бил застрелан и убиен водачот на Кавачкиот криминален клан Радоје Звицер, објавија панамските и српски медиуми.

Според информациите, кои беа потврдени во српското МВР за медиумите, Звицер бил застрелан во изнајмена вила во Панама. Локалните медиуми во централноамериканската држава пишуваат дека тој во моментот на атентатот бил во друштво на неговиот близок соработник, со иницијали Б.М.

Радоје Звицер е еден од највлијателните луѓе во подземјето во последните години. Тој, заедно со Слободан Кашќелан, бил назначен за водач на Кавачкиот клан, кој е поврзан со трговија со дрога, убиства и секаков криминал. Звицер и претходно бил мета на атентати, а во 2020 година бил изрешетан додека џогирал во Киев, но го преживеал нападот. Тој беше во бегство откако беше уапсена групата на Вељко Беливук, со кого исто така е поврзуван.

Српската полиција била известена за ликвидацијата на Звицер, но официјална потврда се чека од Еуропол, пишува „Блиц“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот