Дали Звицер е жив, сопругата и ќерката објавија весело видео – водачот на кавачкиот клан не е убиен во Панама!?

Радоје Звицер и сопругата и ќерката/Фото: Скриншот

На социјалните мрежи се појави видео од ќерката на Радоје Звицер, покрај која стои нејзината мајка Тамара Звицер како двете пеат песна од познатите босански рапери.

– Мајкичка – напиша ќерката и додаде емотикон за срце.

Во позадина се слуша песна на познатите изведувачи Јала и Буба со карактеристичен текст.

– И вечерва осаменоста дојде да ме посети, а твојот мирис се вовлече во мојот кревет, оваа ноќ се закануваат, сакаат да ме изгорат – ги пејат двете стиховите од песната која оди во позадина, во видеото кое објавија на ТикТок.

Видеото се појави неполни 48 часа откако пристигна информацијата дека во Панама е убиен Радоје Звицер, водачот на кавачкиот клан. Се шпекулира дека Тамара и неговата ќерка сакале да кажат дека водачот на криминалниот клан е се уште жив.

Веста за неговата смрт веќе два дена е предмет на контрадикторни информации.

Да потсетиме, Звицер наводно бил убиен во петокот околу 21 часот по средноевропско време во Панама. Неговиот адвокат за „Блиц“ следниот ден изјави дека не може да ја потврди оваа информација, односно „не знае дали е жив или мртов“.

– Како негов бранител немам информации дека е пукано во него, дека е мртов или жив. Радоје Звицер е човек кој е недостапен за властите и никој нема контакт со него. Што се случило и која е вистината ќе знаеме кога ќе добиеме официјална информација“, изјави тогаш за „Блиц“ Милош Вуксановиќ, адвокат на водачот на кавачкиот клан.

Попладнево управата на српската полциија од партнерските служби добила потврда дека убиениот маж во Панама не е Радоје Звицер.

Властите во Панама не го соопштија идентитетот на убиениот за кој се тврдеше дека е Звицер, само е објавено дека тој физички не личел на шефот на кавачкиот клан Радоје Звицер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот