Двајца Македонци ќе се борат за влез во групите на Конференциската лига

Македонскиот фудбалер Енис Фазлагиќ во дресот на Жилина/Фото: Facebook/MŠK Žilina

Се одиграа сите реванш натпревари од третото квалификациско коло во новоформираното УЕФА натпреварување, Конференциската лига, Македонија остана со уште двајца свои интернационалци кои имаат уште една пречка кон групната фаза.

Тренерот на косовската екипа Приштина Зекирија Рамадани иако на првиот меч дома славеше со 2:1, на реваншот во Норвешка Бодо/Глимт ја анулираше негативата триумфирајќи со 2:0. Кире Ристевски и Давор Здравковски го одиграа целиот меч на реваншот во Азербејџан против Карабах, но нивниот кипарски клуб АЕЛ Лимасол е елиминиран. На првиот дуел беше 1:1, а денеска славеше Карабах со 1:0.

Летонскиот РФС одигра 2:2 на првиот дуел против Гент, но Белгијците на реваншот беа подобри со 0:1. Иако беше на клупата за резервни играчи, кај домаќините Дарко Мицевски не доби минутажа. Илирид Адеми до 58-та, а Башким Велија до 85 минута настапија во новиот пораз на албанскиот Лачи кај Андерлехт. Белгискиот претставник беше подобар во првиот натпревар со 3:0. Елиминација доживеаја уште српската Војводина на Влада Новевски против австрискиот ЛАСК, како и албанската Теута на Тауљан Сулејманов, Боби Целески, Благоја Тодоровски, Христијан Драгарски и Пепи Горгиев против Шамрок роверс од Ирска.

После нерешениот резултат во Шкотска (1:1), на вториот дуел Риека беше убедлива над Хиберниан со 4:1. За хрватскиот тим на клупата за резерви остана Дарко Велковски. Енис Фазлагиќ кој настапи до 70 минута придонесе со една асистенција (во вториот погодок) во победата од 5:0 на словачката Жилина против Тобол. Словаците славеа и во првиот дуел во Казахстан со 1:0.

Ривал на Фазлагиќ и Жилина во плеј-офот ќе биде чешкиот Јаблонец, а противник на Велковски и Риека ќе биде грчкиот ПАОК.

Конференциска лига 2021/22
Двојки, плеј-оф

Жалгирис-Бодо Глимт
Нефчи Баку-Макаби Хаифа
Флора-Шамрок Роверс
Рига-Линколн Ред Импс
Фола Еш-Каират

Карабах-Абердин
Базел-Хамарби
Викторија Плзењ-ЦСКА Софија
Пакош де Фереира-Тотенхем
Рен-Розенборг
Андерлехт-Витесе
ЛАСК-Ст. Џонстон
Шахтар Караганди-Макаби Тел Авив
ПАОК-Риека
КуПС-Унион Берлин
Феенорд-Елфсборг
Ракув-Гент
Сиваспор-Копенхаген
Санта Клара-Партизан
Трабзонспор-Рома
Хапоел Бе`ер Шева-Анортозис Фамагуста
Јаблонец-Жилина

Првите натпревари од плеј-офот на Конференциската лига ќе се играат на 19 август, а реванш средбите на 26 август.

Без проблеми за Галата и Селтик, еве ги двојките во плеј-офот за Лига Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот