Двајца кандидати за нов тренер на Наполи и Елиф Елмас
После лошите резултати во досегашниот дел од сезоната на Наполи со тренерот Руди Гарсија, италијанските медиуми шпекулираат дека Французинот е пред отказ и дека веќе има неколку кандидати кои би можеле наскоро да седнат на клупата на актуелниот шампион во Серија А.
Препорачано
Според информациите претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис се очекува денеска да се сретне со Валтер Мацари кој би можел да го замени Гарсија.
Во меѓувреме новинарот Џанлука Ди Марцио објави дека во текот на вчерашниот дел Лаурентис му понудил договор на седум месеци на хрватскиот тренер Игор Тудор кој се согласил да ја преземе улогата, но сè уште не е донесена никаква одлука, ниту пак одлука за разделба со Гарсија.
Додека Тудор сè уште чека одговор од првиот човек на „наполитанците“, најавени се преговори со Мацари кој би можел да потпише договор до крајот на сезоната без никакви клаузули за продолжување на договорот.
Мацари претходно помина четири години со Наполи од октомври 2009 до мај 2013 година, водејќи го клубот на 182 натпревари. Во сезоната 2011/2012 со екипата од Неапол успеа да го освои Купот на Италија.


