фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Душан Тадиќ би можел да биде нов фудбалер на Црвена звезда

Српскиот фудбалер Душан Тадиќ можно е во следните денови да го облече дресот на Црвена звезда.

Од почетокот на преодниот рок се шпекулираше за враќањето на поранешниот репрезентативец во српскиот фудбал, и се чини дека Тадиќ конечно донесе одлука да ја продолжи кариерата.

Неофицијално, Тадиќ ќе ја прифати понудата на белградските „црвено-бели“.

Искусниот 36-годишен напаѓач ја започна својата кариера во Војводина, по што играше за Гронинген, Твенте, Саутемптон, Ајакс и Фенербахче.

За турскиот клуб Фенербахче во периодот од 2023 до 2025 година имаше 73 настапи и 21 погодок.

Претходно Црвена звезда успеа да го ангажира Марко Арнаутовиќ, а клубот го засилија и Милош Вељковиќ, Матеус, Родригао, Никола Станковиќ и Наир Тикнизјан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот