Фото: Принтскрин/Јутјуб

Дури по седум години Клуни објасни зошто 14 најблиски пријатели ги почастил со по еден милион долари

Славниот актер за магазинот „GQ“ ја потврди оваа дарежлива приказна…

Американскиот актер Џорџ Клуни (59) е навистина добар пријател, пренесуваат странските медиуми.

Имено, актерот во 2013 година на фантастичен начин им се одолжил на најблиските пријатели кои постојано му помагале додека тој бил непознат и започнал да се движи по патеката на славните.

Добитникот на Оскар ги потврди гласините дека пред 7 години им дал по еден милион долари на своите 14 пријатели.

– Само си помислив дека тие, доколку ме удри автобус, ќе бидат во мојот тестамент. Па зошто тогаш да чекам да ме удри автобус?, изјави тој за магазинот „GQ” и изданието „Маж на годината“.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Пред неколку години најдобриот пријател на Клуни, Ранде Гербер (58) ги шокираше фановите кога кажа дека Клуни една ноќ ги повикал своите пријатели на вечера и ги изненадил со подарок од милион долари за секој посебно.

Тоа беше пред Клуни, Гербер и останатите пријатели да го продадат нивниот бренд на текила за милијарда долари.

Клуни откри дека кога одлучил да ги подари своите пари на своите пријатели бил самец, остарел и не очекувал дека некогаш ќе има семејство.

Актерот сега е оженет со адвокатката Амал Клуни (42) и е татко на тригодишните близнаци Александар и Еле.

Фото: Профимедиа

– И си помислив, се што имам се овие момци кои во текот на 35 години ми помагаа на овој или оној начин, изјави Клуни.

– Спиев во нивните кревети кога немав пари, ми позајмуваа пари кога бев без долар. Ми помагаа кога ми беше потребна помош низ годините. И си помислив дека јас всушност без нив не би бил ништо од ова што сум денес, заклучи клуни.

Клуни ја потврди и информацијата дека парите им ги подарил во скапоцените куфери од брендот „Tumi”.

– Тоа е случи на 27-ми септември 2013 година, а на 27-и септември 2014 година тој се венчаше со Амал. Тоа беше добра карма, изјави Гербер пред три години кога ја обелодени приказната во јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот